“Атокаи Арена“ во Истанбул, во сабота, ќе биде домаќин на Балканското првенство во атлетика, во сала.
 

Македонската репрезентација во атлетика, на ова натпреварување, ќе настапи со 13 атлетичари (пет во женска и осум во машка конкуренција).

Жени: Велбона Селими (60 метри), Серемендиа Љатифова (400 метри), Марија Василевска (800 метри), Дрита Ислами (60 метри со пречки и скок во далечина), Ирена Темова (скок во височина).

Мажи: Ристе Пандев (60 метри), Кристијан Ефремов (400 метри), Александар Стојановски (800 метри), Милош Ранчиќ (3.000 метри), Јованче Јанковски (скок во височина), Славчо Мирчевски (скок во далечина), Кастрат Бешири (трискок), Марјан Нојковски (фрлање ѓуле).
 
На првенството се пријавени 200 атлетичари од 12 држави членки на Балканската федерација.

“Макфакс“