Владата на вчерашната седница донела одлука со 100.000 евра да помогне во надминувањето на последиците од силниот земјотрес што минатата неделата ја погоди Јапонија.


Како што информираат од Владата, Министерството за надворешни работи е задолжено да продолжи со контактите со надлежната јапонска амбасада во Виена за детектирање на потребите за испраќање на евентуална хуманитарна помош во погодената земја.

Со ова, како што велат од Владата, Република Македонија сака уште еднаш да ја покаже својата солидарност со земјите кои што се погодени од природни катастрофи.

OhridNews
извор: Makfaks