Премиерниот натпревар во новата година македонската ракометна репрезентација го доби со 35:25, совладувајќи ја соодветната селекција на Луксембург. И покрај убедливата победа македонските репрезентативци се намачија со аматерите од Луксембург во првиот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП во Норвешка во 2008 година.
Избраниците на в.д. селекторот Илија Темелковски релаксирано влегоа во натпреварот, играа неконцентрирано во одбраната, а превеа и многу грешки во организацијата на нападот. Притиснаа пред крајот на полувремето, па со предност од 17:12 заминаа на одмор.
По одморот нашите не запнаа, а гостите профитираа стигнувајќи на -1, 21:20. Победата беше обезбедена во последнта четвртина од мечот кога предводени од Алушевски 8 и Лазаров 7 гола, разликата достигна двоцифрен број за конечни 35:25 .
Наредниот натпревар од квалификациите македонскта репрезентација ќе го игра во Луксембург во сабота. Охриѓани на дело македонските репрезентативци ќе можат да ги видат на 17 јануари кога во “Билјанини извори“ ќе бидеме домаќини на репрезентацијата на Србија .
Мирко Постолоски
Горан Момироски