Македонската кошаркарска репрезентација вечерва (20 часот) во Билјанини Извори ќе го одигра првиот од двата пријателски натпревари против селекцијата на Словачка.

Избраниците на Јовица Арсиќ синоќа го одработија првиот тренинг во Охрид, а селекторот на располагање го имаше комплетниот ростер. Од вчера со тимот почна да работи и вториот натурализиран македонец Дариус Вашингтон.


“Црвено – жолтите“ во Охрид ќе останат до 15 август, кога заминуваат на турнир во Германија.

М.П.