Македонската ракометна репрезентација ремизираше 30-30 (17-18) со селекцијата на Црна Гора на турнирот во Умаг, Хрватска кој се одржува во рамките од неделата на ЕХФ.
Избраниците на македонскиот селектор Ивица Обрван се изборија за реми со погодокот на Филип Лазаров на почетокот од последната минута од натпреварот.
Вториот меч за Македонија на турнирот во Хрватска помина со многу голови и изедначена игра, а селекторот шанса му даде на сите ракометари.
Во македонската репрезентација најефикасен беше Дејан Манасков со седум погодоци, капитенот Кирил Лазаров постигна шест, а клучна улога во ремито одигра голманот Никола Митревски кој собра десет успешни интервенции.
За првата позиција на турнирот в недела ќе играат домаќинот Хрватска и репрезентација на Црна Гора.
Ohridnews