Со највисоки државни и воени почести денеска беа погребани посмртните останки на единаесетмината припадници на АРМ кои загинаа во хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце.


Најблиските се простија од загинатите војници

Петмина од загинатите војници беа погребани на гробиштата Бутел во Скопје: Тони Спасовски, заставник Тони Давитковски, постар водник Јанко Шириќ и водниците Александар Тасковски и  Александар Васиќ.

Мајор  Горан Ристовски беше погребан на  гробиштата во скопски Камник, а десетарот Златко Вељановски на гробиштата во Драчево. Во Куманово  погребани беа водник  Мики Ивановски и капетан Бране Спасовски. На Градските гробишта во Струмица беа погребани посмртните останки на  заставник  Славчо Василев, а во Гевгелија на капетан Игор Ѓоревски.

Од нив се простија нивните најблиски, пријатели, голем број граѓани, како и претствници на државата, АРМ , НАТО, дипломати, министри на странски земји.


воениот врв се прости од македонските мировници

Единаесетте припадници на АРМ загинаа на 12 јануари при нивното враќање од мировната мисија „АЛТЕА“ во БиХ, кога  од засега непознати причини  хеликоптерот со кој се превезуваа се урна кај селото Блаце во Катланово.

ohridnews