Македонските природни убавини, културата, фолклорот, традиционалната кујна и квалитетните вина, беа дел од содржините на промотивниот штанд, со кој Македонија се претстави на Саемот за туризам во Љубљана.
Во рамки на саемот кој се одржуваше од 21-24 јануари, беше организирана и прес конференција за презентација на туристичката понуда пред медиумите и туроператорите од Словенија.
Покрај туристичките потенцијали на Македонија, Агенцијата за подршка и промоцијана туризмот на Р.М., ги презентираше и новините околу субвенциите , кои ги обезбедува нашата држава за сите туроператори кои ќе донесат странски гости.
Туристичките работници од Македонија, кои присуствуваа на Саемот остварија голем број на средби со своите партнери од Словенија.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com