Македонската репрзентација до 20 години обезбеди учество во четвртфиналната група на ЕП – Б дивизија во Романија.

Во последниот натпревар во групата А, Македонија беше поуспешна од Финска со 79-63.

Јанески беше нашиот најдобар поедниец остварувајќи дабл- дабл учинок (26п и 14 ск) .Мечот како двоцифрени го завршија Симоноски 14 п. и Маркоски 18 п.

Во четвртфиналната група покрај Македонија од А групата се пласираше и Португалија.

Утре Македонија ќе игра против првопласираниот во Б групата селекцијата на Германија, додека в Четврток ќе играме против Шведска.

М.П.