Македонската машка ракометна репрезентација се пласираше на Светското првенство што во 2013 година ќе се одржи во Шпанија. Македонија претпре дозволен пораз од 30-27, и со севкупни 53-51 е победник во бараж двомечот со Австрија.


Македонија во најголемиот дел од мечот ја имаше контролата на резултатот, се до финишот на мечот кога домаќините го завртеа резултатот во своја корист.

Сепак квалитетот беше на наша страна и Кире Лазаров  и другарите не дозволија изненадување. За македонскиот тим, ова е втор настап на големо натпреварување во низа, откако на континеталниот собир во Србија, го освоија петтото место.

М.П.