Македонската ватерполо репрезентација ја победи Словенија со 7-4 и обезбеди место на Европското Првенство во Загреб, Хрватска. “Црвено – жолтите“ по поразот на старот нанижа две победи во серија над Франција и Словенија и го визираа пасошот за Хрватска.


За македонската ватерполо репрезентација ова ќе биде трет настап во серија на големо натпреварување. Претходно Македонија учествуваше на ЕП во Малага , Шпанија и на мундијалот во Рим, Италија.

Ohridnews