Пред точно десет години 1999 г. Македонија настапи на ЕП во Франција, тогаш предводени од Петар Наумовски. Сега 10 години подоцна генерацијата предовдена од Врбица Стефанов повторно ќе има што да и каже на Европа.
Македонските репрезентативци лесно и убедливо ја совладаа Естонија со 87-75, а притоа го искористија киксот на Литванија (пораз од Португалија 93-92) и групата ја завршија на првото место кое носи привилегии при ждербката за ЕП.
Евробаскетот во Полска ќе се игра од 6 до 20 Септмеври.
Македонската кошаркарска репрезентација е трета македонска селекција која наредната година ќе учествува на големо натпреварување. Претходно пласман на СП во Хрватса обезбедија македонските ракометари, додека ватерполо селекцијата на Македонија ќе настапи на СП кое ќе се игра во Италија.