Македонската јуниорска репрезентација обезбеди пласман во четвртфиналната група на Светското првенство во ракомет што се игра во нашата земја.

Синоќа во Охрид во драматичен натпревар полн со пресврти, македонските јуниори среќно стигнаа до победа во трилер драмата  против Кувајт 27_25. И покрај поразот во наредната фаза патува и Кувајт, а со кратки ракави остана  Португалија која во последното коло убедливо загуби од Шведска 40_29.


Македонија тешко обезбеди пласман во четвртфиналната група

Шведска очекувано го освои првото место во групата А и во втората фаза носи 4 бода, Македонија 2, а Кувајт ќе разигрува од нула.

„За прв пат во шестотото учество на светските првенства ќе играме во втората фаза и затоа ние сме многу среќни“, изјави по мечот селекторот на Кувајт Набел Таха. Македонскиот селектор, Веселин Вујовиќ, по мечот истакна дека на Македонија и била потребна победа со помалку од 6 гола разлика што претставувало дополнителен притисок за младите ракометари, но изрази надеж дека успехот ќе претставува голем мотив за нив.

Г. Момироски