Македонската кошаркарска репрезентација со пораз ги заврши квалификациите, но обезбеди пласман на Европското превенство што во 2011 година ќе се одржи во Литванија.

Во последниот натпревар  во Сараево, избраниците на Докузоски беа совладани од домашната репрезентација на Босна и Херцеговина со 83:71. Сепак овој пораз не влијаеше на пласманот на Македонија на ЕП, затоа што директните конкуренти од останатите групи имаа невозможна мисија да ја анулираат добрата кош разлика на црвено-жолтите кои квалификациите ги завршија на второто место кое води во Литванија. Прва во нашата „Б“ група е Велика Британија, која исто така со пораз (Украина) ги заврши квалификациите.

За Македонија ова е трет пласман на ЕП во историјата.

OhridNews