Македонската фудбалска федерација официјално поднесе кандидатура до Европската куќа на фудбалот (УЕФА) да биде дел од организација на Европското првенство 2020 година.ФФМ за стадион домаќин го пријави „Филип Втори“ во Скопје, а тој треба да биде еден од 13-те арени кои ќе бидат домаќини на европските фудбалски ѕвезди.
Во периодот од мај до август годинава можно е УЕФА да ги посети градовите кандидати за да утврди каква е моменталната ситуација во градовите кандидати и кои се плановите за инфраструктурно подобрување. Фудбалската федерација на Македонија изразува благодарност до Владата на Р.Македонија, град Скопје, надлежните министерства и институции, Националната арена „Филип Втори“ кои дадоа целосна поддршка за проектот – Скопје, град кандидат за ЕУРО 2020 – стои во сооштението на ФФМ.
Шансите за добивање на организацијата на „Филип Втори“ се големи откако се откажаа балканските земји Хрватска, Бугарија и Србија.
Мх.П.