Ова се предвидува со Акцискиот план за целосното воведување на дигиталната телевизија на територијата на Република Македонија, кој опфаќа и модернизација на Македонската радиотелевизија, соопшти Министерството за транспорт и врски.
Со Акцискиот план предвидена е изградба на потребната мрежа од страна на ЈП „Македонска радиодифузија“. Исто така, предвидено е и обезбедување на потребните уреди за лицата кои не можат да обезбедат дигитален приемник.