Победа или реми вечерва (20.15 ч) против Србија ја води Македонската репрезентација во главната рунда од М2 групата.

Дигитроните се вжештуваат во пресрет на вечерашните мечеви, бидејќи не е` само прашање кој ќе се пласира во втората фаза, туку кој колку бодови ќе пренесе понатаму.


Победа или реми обезбедува борба за висок пласман за Македонија. Таквиот расплет на настаните во втората фаза би не однесол и со два бода од победата над Хрватска.

Единствено што може да не елиминира од пласман во натамошната фаза, без разлика како ќе заврши натпреварот помеѓу Хрватска и Германија, е пораз со повеќе од два гола разлика.


Според пропозициите, доколку две репрезентации имаат исто бодови, одлучува меѓусебниот дуел.

Доколку три репрезентации имаа изедначен број на бодови, се прави мини табела во која влегуваат резултатите од директните дуели.

Денес играат
18.15 Германија – Хрватска
20.15 Македонија – Србија

Табела
1. Германија 4 бода,
2. Хрватска 2 (+ 2 гол разлика)
3. Македонија 2 (-1)
4. Србија 0

Резултати Група Д :

1 коло
Македонија – Германија 22-25
Хрватска – Србија 30-26

2 коло
Македонија – Хрватска 31-29
Германија – Србија 32-31

М.П.