Во последниот натпревар од главната рунда Македонија ќе ги одмери силите со Србија.

Двете репрезентации ќе бркаат победа со која би го избегнале последното место на табелата. Македонија со победа над Србија и триумф на Полска над Норвешка би се нашла во позиција да игра седмото место.


Поради повреда Темелковски не може да смета на Мојсовски и Алушевски, но она на што може да сметаат Лазаров и другарите е подршкатата од трибините.Покрај огромната македонска армада која е присутна во Хрватска, на денешниот натпревар и локалците ќе навиваат за Македонија, односно против Србија.


Задрани се обидоа да им го направат максимално непријатем престојот на србите во нивниот град па не ни чудо што денес ќе навиваат за Македонија.

>>СП : Хулиганите не знаат за доста

Расположението во нашиот табор е на високо ниво, а капитенот Лазаров очекува  релаксиран но квалитетн меч во кој нема фаворити.

Македонија и Србија се сретнаа на минатогодишниот „Трофеј Македонија“ во Велес, кога Јовица Цветковиќ, незадоволен од судењето, ја повлече екипата при водство на домаќинот од пет гола разлика.

Официјално, пак, двете селекции последен пат играа меѓусебе во квалификациите за Европското првенство 2008 во Норвешка, кога во рамките на групата во Охрид беше нерешено 32:32, а во возвратниот натпревар во Ниш славеа Србите со 42:28.

М.П.