Добрата игра на првите два меча и одличната атмосфера во репрезентативниот табор се главните адути на македонската фудбалска репрезентација во пресрет на вечерашниот судир на силите со Хрватска.
Дуелот меѓу најдобро и најслабо рангираната селекцијата според ФИФА рангкинг листата во нашата група се очекува да го следат околу 33 илјади гледачи на „Филип Втори“ арената во Скопје. Покрај тоа што е најдобро рангирана Хрватска доаѓа во Македонија со 4 освоени бода по првите два меча, од кои три против Македонија во Загреб.
Но на “Филип Втори“ арената ќе играат „11 на 11“, смената на селекторската позиција во првите два меча донесе позитивен ветар, а него го осетија македонските љубители на фудбалот. По успесите на кошаркарите и ракометарите на големите натпреварувања, сите посакуваат повторување на тој “црвено-жолт“ успех на фудбалски план.
Реки луѓе денес од сите македоноски краеви се очекува да го “поплават“ градот убав. Тие покрај спомените и сликите од “Скопје 2014“ посакуваат дома да се вратат со голема победа за Македонија.
Арената е подготвена да ги слави Пандев, Тричковски, Ибраими, Попов и останатите.
Напред Македонија.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com