Да, таа победа против Португалија која ја посакуваат сите ќе не одведе на Европското првенство во Данска на почетокот од следната година.

Македонската ракометна селекција имаше турбулентен квалификациски циклус, но на крајот судбината за пласман на ЕП ја има во свои раце.

Но, целиот циклус зависи од еден натпревар и тоа оној против Португалија, кој е вечерва на програмата во 20:30 часот.

На последното Европско првенство „македонската фаланга“ стигна до петтата позиција и ги освои симпатиите на сите неутрални гледачи во Србија.

Данска е далеку, но прво мора Лазаров, Мојсоски, Ристовски, Стоилов, Миркуловски да ја совладаат Португалија и да му ја поклонат на навивачите кои никогаш не им свртеа грб на ракометари кога им беше најтешко.

Мх.П.