Репрезентацијата на Македонија под 17 години во пријателски натпревар денеска  на „Билјанини извори“ ќе ја пречека соодветната селекција на Романија.

Натпреварот против Романија е дел од подготовките македонската репрезентација за квалификациите кои во октомври ќе се играат во Македонија.

Противници на нашиот репрезентативен состав до 17 години во овој квалификациски циклус се репрезентациите на Германија, Турција и Финска.

ohridnews