Сениорската фудбаласка репрезентација на Македонија одигра нерешемо 1:1 со Молдавија во пријателски натпревар што денеска се одигра на наеутрален терен во Турција.

Македонија поведе на мечот со голот на Горан Пандев во 54 минута, а израмнувањето уследи само 6 минути подоцна преку Андроник.

Натпреварот со Молдавија беше последна подготовка на македонската репрезентација пред продолжување на квалификациите за пласман на СП и натпреварот со Холандија на гости.

Покрај сениорите денеска свој настап имаа и репрезентативците до 21 година кои исто така во пријателски натпревар загубија од своите врсници од Хрватска на гости со 2:1.

Ohridnews