Република Македонија денеска за прв пат 23 Октомври-Денот на македонската револуционерна борба го одбележува како државен празник.
Прогласувањето на овој ден за државен празник пртедизвика лавина негодувања кај опозиционите политички партии, кои сметаат дека 23 Октомври е партиски празник на ВМРО ДПМНЕ. Слично размислуваат и дел од граѓаните, додека дел сметат дека 23 Октомври треба да биде државен празник.Малкумина пак знаат зошто се слави овој ден.
На 23 октомври во 1893-та година во Солун била формирана Внатрешната Македонска Револуционерна Организација поради штоо вој датум се одбележува меѓу другото и како ден на македонската револуционерна борба.
По повод празникот во Собранието на Р. Македонија денеска ќе биде врачена и наградата 23 октомври . Добитници на наградата се етнологот д-р Танас Вражиновски, методичарот проф. д-р Тахир Зијази и академикот и писател Гане Тодоровски.
ohridnews