Европскиот првак, домаќин и стариот должник Данска, селекциите на Чешка и Австрија се противници на Македонија во групната фаза од Европското првенство кое ќе се одржи од 14 до 26 јануари следната година.


Противниците не се непознати за „црвено жолтата фаланга“ која со Данска и Чешка со сретна на континенталниот собир пред две години додека репрезентативците на Македонија ја елиминираа Австрија во бараж натпреварот за мундијалот во Шпанија.

Македонија своите натпревари од Групата А ќе ги игра во Хернинг во Јуске Банк Боксен која има капацитет од 14 000 гледачи.

Извлекувањето на групите за Европското првенство во Данска 2014 година :

Група А

1. Данска
2. Чешка 
3. Македонија
4. Австрија

Група Б

1. Шпанија
2. Исланд
3. Унгарија
4. Норвешка

Група В

1. Србија
2. Франција
3. Полска
4. Русија

Група Г

1. Хрватска
2. Шведска
3. Белорусија
4. Црна Гора
Мх.П.