Македонската ракометна репрезентација го доби најпосакуваниот противник во баражот за Светското првенство во Катар 2015 година, а тоа е нашиот јужен сосед Грција.

Среќата во ждрепката беше целосно наклонета кон македонската репрезентација која ги избегне Германија, Словенија, Шведска и за противник го доби „бингото“ од вториот шешир.

Македонија – Грција е еден од деветте дуели од кој девет селекциии заедно со Данска, Франција, Хрватска и Шпанија ќе се пласираат на завршницата во Катар 2015 година.

Двојки : Унгарија – Словенија, Романија – Шведска, Грција – Македонија, Полска – Германија, Црна Гора – Белорусија, БиХ – Исланд, Русија – Литванија, Србија – Чешка, Австрија – Норвешка.

Мх.П.