Актуелниот Европски првак Франција, Швајцарија и селекцијата на Чешка се противници на Македонија во квалификациите за Европското првенство во Полска 2016 година.

Групата не ни е малку лесна бидејќи за квалитетите на Франција не е потребно да се говори, репрезентацијата на Чешка е составена од играчи кои играат во најквалитетните лиги додека Швајцарија веќе играше со Македонија во квалификациите за минатото ЕП во Данска.

Првите две селекции на табелата и најдобрата трета обезбедувааат пласман на завршницата од ЕП во Полска.

ГРУПА 1: Хрватска, Норвешка, Холандија, Турција.

ГРУПА 2: Данска, Белорусија, Литванија, БиХ.

ГРУПА 3: Словенија, Шведска, Словачка, Латвија.

ГРУПА 4: Србија, Исланд, Црна гора, Израел.

ГРУПА 5: Унгарија, Русија, Португалија, Украина.

ГРУПА 6: Македонија, Франција, Чешка, Швајцарија.

ГРУПА 7: Шпанија, Германија, Австрија, Финска.

Мх.П.