Македонската машка ракометна репрезентација денеска во Варна против Бугарија (17:00ч.) ги започнува предквалификациите за пласман на СП 2009 што ќе се одржи во Хрватска.

Македонија во двомечот со Бугарија влегува со императив победа, но без клучните играчи меѓу кои е и капитенот Кире Лазаров. Тој незадоволен од односот на РФМ кон него ги замрзна настапите во репрезентацијата на неодредено време.

Македонија мора да ги добие и двата натпревари против Бугарија доколку сака да остане во игра за бараж натпревар за пласман на СП, бидејќи Португалија претходно на два пати убедливо го совлада нашиот источен сосед.

ohridnews