Македонската женска ракометна репрезентација синоќа во СРЦ Билјани Извори го одржаа првиот тренинг на “подот“ на кој ќе се играат натпреварите од Светското Првенство.

Двомесечните подготовки спроведени на истокот од нашата земја, финишираат во Охрид.

Во наредните неколку дена до стартот на Мундијалот ќе се тренира два пати дневно. Претпладне во 10 часот и вечер од 20.30 минути во време кога ќе се играат натпреварите.


Еве го распоредот на нашата репрезентација :

  • 21 Јули Понеделник    Македонија – Австралија
  • 23 Јули Среда              Македонија – Кореа
  • 24 Јули Четврток         Македонија – Хрватска
  • 26 Јули Сабота            Македонија – Бразил
М.Постоловски