Македонската фудбалска репрезентација трет месец по ред останува на 64. позиција на светската ранг-листа, што ја подготвува ФИФА.

Македонскиот тим со нови осум бода и со салдо 515 е веднаш зад Белгија која има три поени повеќе.Шпанија и натаму е убедливо прва со 1.761 поен, а фаворитот од 9. квалификациска група за пласман на Мундијалот 2010, селекцијата на Холандија (1442), се проби на второто место, од каде што ја симна Германија (1378).

Италија е четврта, а во топ-10 се уште Бразил, Англија, Аргентина, Хрватска, Русија и Франција. Од другите учесници во 9. квалификациска група каде што настапува Македонија, скок на 22. позиција направи Шкотска, додека Норвешка падна на 47 , а Исланд се искачи на 92. место.

ohridnews