Македонската женска ракометна репрезентација со пораз ги започна мнатпреварите на Светското првенство што до 16-ти декември се игра во Франција. На отворањето Македонија загуби од актуелниот светски порвак Русија со 27:22 иако на полувремето имавме предност од 14:12.
Нашите репрезентативки одлично го отворија натпреварот, во 17 минута имавме предност од +5, но клучниот момент се случи во финишот на првото полувреме кога најдобрата наша ракометарка, Околанга (6) се повреди.
Во второто полувреме „зборнајата“ за 16 минути ги врати работите на свое место и во 56 минута русите водеа со 5 разлика. Но Македонија уште еднаш се врати и во 23 минута имавме 22:22. И толку. Во финишот Русија имаше повеќе искуство и повеќе квалитет, направи помалку грешки и стигна до првата победа на мундијалот, но многу потешко од очекувањата.
Се на се, треба да бидеме задоволни, бидејќи подмладениот македонски состав покажа квалитет кој ветува, а вистинска потврда на можностите ќе биде натпреварот против Бразил (20:30ч.) кој ќе биде клучен за пласман во втората рунда. Бразил на стартот на првенството убедливо ја совлада Австралија со 36:9.
Г. Момироски