Македонската ракометна репрезентација извојува убедлива 38-32 (21-15) победа над селекцијата на Португалија во првиот од двата решевачки меча за пласман во баражот за СП 2009.

Присутвото на капитенот Кире Лазраов на теренот ги инспирираше останатие ракометари кои уште во првиот дел покажаа желба да му помогнат на капитенот во остварување на заедничката цел.

Македонија стигна до солидна предност,а покрај фантастичната публика во С.Р.Ц. „Кале”, најзаслужен во редовите на нашиот тим беше капитенот Кире Лазаров со 14 гола, Наумче Мојсовски 7 пати се запиша во листата на стрелците, а одличен на голот беше Борко Ристовски.

Ваквата предност не смее да не залажува во пресрет на реваншот во Португалија.

Дефинитивно играч на кој треба да обрнеме посебно внимание на реваншот в недела во Гимараеш (18 часот) е Кармо, кој постигна 10 гола за селекцијата на Португалија.

OhridNEWS