Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз на Мундијалот во Хрватска.Поуспешен од Македонија беше светскиот првак Германија со 33-23 (13-14).


Македонија одлично се држеше сеж до 40 минута при резултата 22-20 од игра беше исклучен капитенот Лазаров. Избраниците на Темелковски маестрално го одиграа првиот дел по кој имавме минимална предност.

Одлучувачки во поразот на Македонија беше слабиот старт на вториот дел кога Германците лесно постигнуваа голови, додека ние мака мачевме да го организираме нападот.


По исклучувањето на Лазаров, евидентен беше психихолошкиот пад на по кој немионовен беше поразот од големи десет разлика.

Утре Македонија го игра одлучувачкиот натпревар за пласман во главната фаза. Само победа ја носи македонската репрезентација во наредната фаза.


Играта против Полска, но и првите триесет минути против Гермнија, ветуваат дека може да се надеваме на победа против Русија.

M.П.