Македонската кошаркарска репрезентација претпе пораз од Словенија со 83-71 во првиот тест меч во Птуј, Словенија.


Издначено се играше во првиот дел по кој на семафорот беше 40-39(26-16, 14-23) за домашниот тим. Подобрата игра во вториот полувреме (24-18, 19-14) беа одлучувачкиот момент во победата.


Во тимот на Божидар Маљковиќ најпрезцини беа Лорбек со 20, Лаковиќ и Смодиш со по 13 поени, додека избраниците на Докузовски ги предводеше капитенот Перо Антиќ со 24 поени ( 4/5 за два, 5/7 за три), двоцифрен заврши и Илиевски постигнувајќи 13 поени.


Македонија во вториот меч ќе игра против селекцијата на Полска, која во првиот меч претрпе пораз од Словенија со резултат 69-54.

“фото: rtv.slo”
М.П.