Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби од Литванија со 50: 62 во подготвителниот натпревар за настап на ЕП во Словенија, што вечерва се одигра во Скопје.
На оваа средба македонската репрезентација за прв пат настапи комплетна, откако на претходните дуели со Словенија, Украина и двата со Хрватска, отсуствуваа Перо Антиќ, Лестер Бо Мекејлеб и Тодор Гечевски. Од друга страна Литванија на средбата во Скопје настапи во некомплетен состав.
Најефикасни во македонскиот состав беа Дамјан Стојаноски и Предраг Самарџиски со по 11 поени, а Мекејлеб имаше поен помалу. Литванците до победа ги предводеше Линас Клеиза со 14 поени.
Македонија по овој натпревар се сели во Шпанија, каде ќе одигра две контролни средби со актуелениот европски шампион.
OhridNews