Македонската женска ракометна репрезентација ја продолжи серијата порази во осминафиналната група на Светското првенство што се игра во Франција. Попладнево Македонија загуби од Ангола со 25:33 (14:17). За Ангола ова е историски успех бидејќи оваа репрезентација за прв пат обезбеди пласман во четвртфиналето на СП каде има 9 настапи. Македонија со порзот ги загуби и теоретските шанси за поголем успех.
Поразот на нашата репрезентација беше очекуван иако до 24 минута имавме и водство 13:10. Од тој момент па до крајот на теренот имаше само една репрезентација.
Шансата за прва победа во осминафиналната група Македонија ќе ја бара во натпреварот против Хрватска која исто така нема триумф во разигрувањето.
Г. Момироски