Нашата репрезентација во целост разочара во премиерниот настап. Македонија имаше се` за одличен старт, просечен противник, одлична подршка од преполната сала, но наместо да брилираат, црвено – жолтите уште еднаш ги разочараа навивачите.
Неповрзани беа нашите акции, брзоплето ги завршувавме нападите биеjќи од неизградени позиции. Играта во грч на стартот на вториот дел не чинеше неминовен пораз.
Не знаеа избраниците на Илија Темелсковски, како да ја искористат предноста со играч повеќе која во вториот дел ја имавме во изобилство, но наместо ние, тунижаните постигнуваа погодоци. Одлучувачка за конечниот победник се покажа серијата 6-0 кога нашите протвиници го завртија резултатот од 16-13, на 16-19.
Црвено – жолтите се обидоа во финишот да го надополнат изгубеното, но задоцнетиот финиш ни обезбеди само минимален пораз 25-24.
По овај пораз се` помали се шансите за пласман во втората фаза.
Утре во 15.30 ч. Македонија игра против Алжир.