Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 г со пораз ги започна натпреварите на Евробаскетот во Охрид.
Посупешна од Македонија беше селекцијата на Израел победувајќи не со 76-60 (22-15, 14-21, 12-23,12-17).
Нашите девојки одлично го започнаа мечот и се додека имаа сила им парираа на израелките. Работата дополнително се искомпликува кога на стартот на вториот период се повреди најпрецизната до тој момент Ана Тантуроска.
Паднаа избраничките на Александар Петровиќ во третиот период во кој израелките наметнаа пресинг игра во која нашите не можеа да се снајдат по што влегуваа од грешка во грешка овозможувајќи им лесни поени на гостинките.
Антиќ беше најпрецизна во нашиот состав со 16 поени, додека Јаломи со 22 поени го предводеше квартетот кошаркарки со двоцифрен број на поени кај израелките.
Денес Македонија од 21 часот ќе игра против Холандија.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com