Македонската јуниорска ракметна репрзентација со пораз ги заврши натпреварите во Ц групата во Охрид.

Селекцијата на Бразил беше поуспешна од Македонија со 27-25 (11-13). со што бразилките ги продолжуваат натпреварите во “главната“ рунда.

Главно одбележје на мечот беа големиот број на грешки од двете страни. Во првите 30 минути црвено – жолтите помалку грешеа и заминаа на одмор со предност 13-11.

Вторто израмнување на мечот беше во 41 минута по што следуваше серија на “кариоките“ со која се одлепија на 21-17 .

Нашите понесени од 3.000 публика стигнаа до израмнување 23-23, но немаа сили за и концентрација за комплетен пресврт.

Најефикасна на теренот беше Елена Георгиевска со 9 погодоци, додека кај Бразилките најпрецизна беше Франка со седум.

По овај пораз Македонската репрезентација го напушта Охрид и се сели во Гевгелија кеде ќе игра во разврската од 13 до 20 место.

М.Постоловски