Независноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина… На 8 април 1993 година Македонија со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Но, поради противењето на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија. Денес Македонија е призната под уставното име од 116 од вкупно 160 земји кои ја признаа независноста на нашата држава. Меѓу нив се и три постојани членки на Советот за безбедност, САД, Русија и Кина.
На заседанието на ЕУ во Загреб во 2005 година Македонија доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ, но поради спорот со името наметнат од Грција, земјата се уште не добила датум за преговори со унијата.
Денот на независноста на Република Македонија оваа година за жал ќе мине во сенка на големата трагедија што во саботата се случи во водите на Охридското Езеро, кога при потонување на бродот „Илинден“ животот го загубила 15 бугарски туристи. Поради несреќата Општина Охрид ги откажа сите свечености предвидени за Денот на независноста.