Македонската женска ракометна репрезетнтација со победа ги започна натпреварите од преткавлификацискиот турнир во Драма, Грција. Македонија беше подобра од домаќинот Грција со 27-21(13-12).
Избраничките на Гино Стрезовски беа инфериорни само во првите десет минути кога бевме во два гола негатива. Потоа “црвено – жолтите“ ја превзедоа играта во свои раце, а до крајот на првиот дел поведовме со 13-12. Лесно се одлепивме во вториот дел кога на моменти имавме и по седум гола предност.
Бајрамоска со 7 гола и Папуџиева со шест погодоци беа најпрецизни во нашиот состав.
Во останатиот натпревар Азербејџан и Швајцарија ремизираа играјќи 29-29. Во втората рунда утре играме против репрезентацијата на Азербејџан.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com