Македонската кошаркарска репрезентација триумфираше на турнирот во Германија, на кој учествуваше уште Грција и Босна и Херцеговина. Во последниот натпревар избраниците на селекторот Алеш Пипан ја совладаа босанската репрезентација со 93-84 и со три победи од исто толку мечеви стигнаа до првото место.
Херој на третиот натпревар, кој Македонија го одигра без капитенот Перо Антиќ беше Ѓорги Чековски реализирајќи неверојатни 33 поени.
Играчот на македонскиот првак МЗТ распука во последната четвртина кога Македонија имаше негатива од десет поени.Чековски уфрли 13 поени во низа од кои три тројки, а поените на Владо Илиевски (20), Војдан Стојановски (12) и Лестер Бо Мекклејб осум беа доволни за триумф на „лавовите“.
Со триумфот на турнирот во Улм селекцијата на Македонија најави дека нема да биде лесен противник и скапо ќе ја продава својата кожа.
Мх.П.