Македонската кошаркаска репрезентација до 20 години ја совлада Шведска (75-67) во вториот натпревар од 1/4 финалната група.

Сепак и покрај триумфот,“викинзите“ одат во полуфиналето благодарение на подобрата кош – разлика. Одлучувачка беше тројката на Пломквист на седум секунди пред крајот.

Македонскиот колектив го предводеше Николовски со дабл дабл учинок ( 13п. 11 ск,)двоцифрени завршија Брчков 17 п, Марковски 16 п и Димчевски 11п.

Избраниците на Емил Рајковиќ ќе играат во разигрувањето од 5-8 место.

М.П.