Македонската кошаркарска репрезентација ја совлада Грузија со 85-55 и со три победи во исто толку натпревари ги заврши натпреварите на кошаркарскиот турнир во Охрид.

До третата победа избраниците на Џикиќ стигнаа благодарение на одличниот Војдан Стојаноски кој ја “искина“ мрежата на грузијците. Тој мечот го заврши со 21 поен (3/4 за два, 3/4 за три и 6/6 за еден).

Покрај Стојаноски со двоцфрен борј на поени мечот го завршија уште и Марјан Јаневски 11 п, додека Соколов и Брчков постигнаа по 10.

Македонската репрезентација ги заврши подготовките во Охрид и по слободниот викенд, кошаркарите ќе продолжат во Скопје да се подготвуваат за квалификациите кои стартуваат на 10 август против Белгија.