Снежните врнежи не ги изненадија ниту зимските служби во јавното претпријатие „Македонија пат“ кои од раните утрински часови се излезени на регионалните и магистраните патни правци.

„ Ги чистиме сите патни правци кои што се во наша надежност, но со оглед на  лошите временски прилики имаме потешкотии во работењето“, вели првиот човек на Македонија пат-секција Охрид, Лазо Ставрески.

Ставрески вели дека снегот постојано паѓа, а температурите, особено на превоите се спуштаат под нулата, така што колку и да се чистат патиштата, сепак доколку се вози, треба  крајно внимание.

Од „Македонија пат“-секција Охрид  потсетуваат дека забрана за движење се уште нема, а предупредуваат на задожителното носење зимска опрема во возилата.

Двете јавни претпријатија, „Македонија пат “ и „ Охридски комуналец“ се справуваа со снегот и неколку дена пред новата година.

Претпоследниот снег што заврна предизвика поголем број сообраќајни незгоди но за среќа без потешки последици.Командирот на сообраќајната полиција, Страше Миленкоски, изјави дека двете претпријатија успешно се справија со чистењето на улиците, а според него, на терен беа излезени и директортите на претпријатијата.

А.Р.