Селекторот на нашата фудбалска репрезентација Сречко Катанец потпиша петгодишен договор со љубљанскиот Интерблок и во следниот период тој ќе работи како советник. Македонскиот селектор во Македонија минува само по неколку денови пред одигрувањето на квалификациските или пријателските натпревари, па во меѓувреме додека живее Љубљана, тој се договори со првиот човек на прволигашот Интерблок да работи како советник.

За жал тоа очигледно му е дозволено од страна на ФФМ и наместо тој да ги советува тренерите во Македонија како да се унапреди работата со играчите по клубовите од каде би црпел фудбалери за својата селекција, тој ќе дели совети во друг клуб.

Има време за делење совети во Словенија, но не и за нас – Сречко Катенец

Вака целата работа ќе се базира на 18 фудбалери кои константно се повикуваат во селекцијата бранејќи се дека нема подобри играчи во Македонија и дека мора да се повикуваат едни те исти. Притоа при секоја посета на Скопје, селекторот се жали на скромниот квалитет, и не убедува дека со каков фонд на фудбалери располагаме и ова е добро.

Ремито со Србија не „уназади“

Македонската фудбалска репрезентација падна место на најновото февруарско рангирање на Светската фудбалска федерација(ФИФА) и сега се наоѓа на 61. место. Минатата недела Македонија на „Градски“ во Скопје ремизира со Србија (1-1) во пријателски меч, по што и северниот сосед падна на ранг-листата за четири места и сега е 31. селекција.

Наредниот контролен натпревар Македонија ќе го одигра на 26 март на гостипротив Босна и Херцеговина, koja е само едно скалило пред „црвено-жолтите“.

На врвот на ранг-листата и понатаму доминираат јужноамериканските фудбалски велесили Аргентина и Бразил, пред светскиот првак Италија.

Од противниците на Македонија во квалификациите за СП 2010 година, покрај Холандија која е во Топ-10, Шкотска е 14, Норвешка е 28,а Исланд е на 89. место.

Следното рангирање на ФИФА ќе биде на 12 март, пред терминот резервиран за пријателски натпревари.

[email protected]