Македонската репрезентеција на “Хемпден Парк“ го освои првиот бод во квалификациите за мундијалот во Бразил ремизирајќи со Шкотска 1-1. Избраниците на Јаневски можат да жалат што не ја запишаа првата победа, промашувајќи колосални прилики за погодок.


Фудбалерите на Македонија првото полувреме го одиграа како по ноти. Предводникот на “црвено жолтите“, Горан Пандев царуваше на теренот, одбраната беше на место неутрализирајќи ги шкотските офанзивци.

Шансите кон голот на Мекгрегор ги започна Тричковски, продолжи Ибраими. Тоа што не им успеа нив двајца му појде од “рака“ на Новески. По примениот погодок дополнително играта на Шкотска се распадна, но тоа не го искористи Ибраими да ги “нокаутира“.

Во 41-та минута Шкотска преку напаѓачот Милер го изедначува резултатот. Одбраната прв пат на мечот не беше на посакуваното ниво, реагираше неспретно а на Милер му преостана само полесната задача по проигрувањето од Мекки.


Сликата на теренот не се промени во вториот дел. Македонија знаеше што сака и во бранови се редеа заканите кон голот на Мекгрегор. “Црвено жолтите“ во вторите 45 минути беа поблиску до вториот гол. Ибраими во празно го проигра десниот бек Ѓеоргиевски кој биеше но Вебстер со лизгачки старт спречи втор погодок.

Македонија имаше уште една колосална шанса за гол, Хасани кој влезе на местото од повредениот Тричковски шутираше прецизно но неговиот удар заврши во стативата.  Најзрелата прилика на мечот ја имаше Иваноски. Напаѓачот по проигрувањето од Пандев изби сам пред Мекгрегор се колебаше како да го матира и ја прокоцка најдобрата акција на мечот.

Македонија во наредната трета рунда на домашен терен ја пречекува Хрватска додека Шкотска гостува во Велс.

Мх.П.