Македонската тениска Дејвис куп репрезентација претрпе максимален пораз 5-0 од Јужна Африка во рамките на првото коло во Евро-африканската зона.

Во завршните дуели во поединечна конкуренција Класен го совлада Илија Мартиновски  2-0 (6-2,6-2), додека Ван дер Мерве до максималната победа на Димитар Грабуловски стигна откако го совлада 6-4 и 6-0.
 
Со овој триумф репрезентацијата на Јужна Африка влезе во разигрувањето за пласман во Светската група во Дејвис купот додека Македонија се спушти во разигрувањето за опстанок во првата група од Евро-африканската зона.

ohridnews