Македонската фудбалска репрезентација остана на 53-то место на ФИФА ранг листата, која не претрпе големи промени, поради малкуте интернационални натпревари во летниот период.

Така Македонија како 53-то пласирана ќе го пречека Европскиот шампион Шпанија на 12 август, кој ја задржа втората позиција зад Бразил кој и понатаму е лидер.

Шкотска која е нашиот следен противник во квалификациите за Светското Првенство во Јужна Африка е на 24 место, Норвешка педесетта а Исланд се искачи место погоре и сега е 92-ри.

ohridnews