Фудбалската репрезентација на Македонија годината ќе ја заврши на 103-то место на ранг листата, која ја крои Светската фудбалска федерација (ФИФА). Македонија се наоѓа на истото место како и во изминатиот месец.
Македонија со 103-то место е најлошо рангираната селекција од опонентите со кои ќе игра во квалификацискиот циклус за пласман на СП во Бразил.
Највисок рејтинг од противниците има Хрватска, која се наоѓа на осмото место, Србија е 27-ма, Белгија на 41-то место, додека Шкотска и Велс се на 47-то и 48-то.