Македонската фудбалска репрезентација се најде на 103-та позиција на најновата ранг листа од ФИФА.
„Рисовите“ во октомвриската рејтинг листа имаа напредок од 13-ет места, но поразот од Словачка на „Филип Втори“ ги чинеше нов пад под стотката.
Претходно А селекцијата се наоѓаше на 112-та позицја што беше најслаб пласман на репрезентацијата воопшто.
На врвот нема промени водечка е селекцијата на Германија, а по неа следуваат Аргентина и Колумбија.
На високото четврто место се наоѓа Белгија, а на петтата позиција е Холандија.
Мх.П.