Македонската ракометна репрезентација уште еднаш успеа да го совлада Израел во овој пат со 42-32 (22-12).


Избраниците на македонскиот селектор Ивица Обрван во вториот контролен натпревар покажаа многу повеќе одколку во првиот, кој го добија со тесни 39-37.

Победникот беше решен во првото полувреме кое ракометарите на Македонија го завршија со +10 (22-12).

Во вториот дел „црвено жолтите“ ја одржаа предноста и ја запишаа втората победа во подготвителните натпревари.

Сите ракометари во ростерот се запишаа во листата на стрелци, а најефикасен со седум погодоци беше Дејан Манасков. По него следуваше капитенот Кирил Лазаров со шест голови.

Мх.П.